Денис Јанкуловски откри како го добил прекарот „Космонаутко“

од Nikola Popovski

Еден период имавме страшно многу работа. Некако се потрудивме колку што можевме максимално и мислам дека постигнавме нешто. Имаше премногу барања. Во однос на децата, уште од почеток знаев дека на друг начин треба да биде направено тоа бидејќи беше нешто ново. Знаевме дека доаѓање за земање брис во скафандер знае да биде многу стресно и мора да се опушти детето, изјави вечерва медицинскиот техничар Денис Јанкуловски-Космонаутко во емисијата „Топ тема“.

Популарниот „Космонаутко“ беше во првите борбени редови во борбата против коронавирусот и промовираше одговорно однесување на социјалните мрежи.

Тој истакна дека промовирал искрен пристап кон децата.

-И јас никој не сакам да ми земе брис, но мора да се направи бидејќи се работи за здравје. Моделот на кој што работев бев тој со дечињата и приказната од некоја планета, па ме поздравуваа, ми кажуваа со кое чудовиште да го победам. Има многу неубави и тажни моменти, но има и убави. Најубавите беа секогаш со децата. Така и почна приказната со Космонаутко. Тропнав на врата и ми отвори еден татко. Детенцето негово, поточно јас си го викам кумчето рече: „Мамо мамо, еве го космонаутот дојде брис да ни земе“. Од една страна и космонаут доаѓа, детето е насмеано, а од друга страна родителите го спремиле детенцето дека ништо лошо нема да се случи и ќе му остане во сеќавање, рече Јанкуловски за тоа како настанал неговиот прекар.

Тој истакна дека имало семејства кои што изгубиле дури и по шест членови во времето на пандемијата со Ковид-19.

Слични содржини