Дервишова: Пациентка ослепе на едното око откако ѝ соопштивме дека е позитивна на Ковид-19

од Nikola Popovski

Д-р. Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари изјави дека моментално немаат гужви во чекалните.

„Сепак мораме да внимаваме. Стравот многу полошо влијае кај нашите пациенти. Мораме да делуваме смирувачки. На една пациентка кога и кажавме дека е позитивна на вирусот, доби крварење на окото, притисок од 240 и после ослепе на едното око. Сите треба да внимаваме кога ги соопштуваме ваквите информации“, вели таа во гостувањето на емисијата „24 анализа“, додавајќи дека сепак животот не е корона и мораме сите професинално да си ја вршиме нашата работа, а државата да биде функционална и да може да се справи со корона-пандемијата.

Слични содржини