Дестинации кои се борат со претераниот туризмот

Ефтините летови денес ни овозможуваат да отидеме каде и да посакаме и тоа брзо. Сето тоа звучи добро се додека не се упатите кон одредено место и сфатите дека уште илјадници други туристи ја имале истата идеја. Каде и да погледнете има ред, а локалците ве гледаат остро. Прекумерниот туризам стана огромен проблем.

Венеција е заштитно лице на прекумерниот туризам

Безброј приказни се напишани за Венеција и нејзиниот проблем со туристите. Локалното население стравува дека нивниот град ќе стане Венецијаленд. Доказ за тоа колку човечкото невнимание може да влијае врз климатските промени се и поправите кои кон крајот на 2019 година ја зафатија Венеција.

Фиренца започна да ги казнува луѓето кои јадат на улица

Властите во овој град се против прекумерниот туризам и со тоа се борат преку казни. Доколку ве фатат како јадете на улица, пред трговски или на некој праг, можат да ве казнат со 500 евра. Според CNN, Фиренца годишно ја посетуваат околу 10 милиони туристи.

Сардинија

Една од најубавите плажи на планетата La Pelosa ја посетуваат до 6.000 туристи секоја година за време на летните месеци. За да го намалат нивното доаѓање, властите започнале да наплаѓаат за влез на плажата. Цената се движи меѓу 4-4,45 евра на ден.

Ибица

Сонце, плажа, музика и многу луѓе. Ибица е легендарно место за забави, но мора да се земе предвид фактот дека таму живеат луѓе. Тие сигурно не сакаат да слушаат музика 24/7. Локалците неколку пати дури и протестирале против овој проблем.

Санторини

Ова место е ТОП избор за Инстаграм инфлуенсерите. Жителите на Санторини почнуваат да се жалат за туристите кои лошо влијаат на нивниот квалитет на живот. Тие сметаат и предлагаат, оние кои сакаат да го почувствуваат вистинскиот дух на Грција, да го избегнат Санторини или секое друго место кое има аеродром.

Исланд

CNN тврди дека постои сериозна загриженост за животната средина и влијанието на туристите на Исланд, кој има 320 илјади жители. Освен грижата за животната средина, постои загриженост дека големиот број туристи би можеле да влијаат на квалитетот на животот на локалното население.

Игра на тронови донесе повеќе туристи во Дубровник

За да се изборат со прекумерниот број туристи, властите го ограничиле бројот на бродови кои можат да го посетат овој град во еден ден. Времето ќе покаже дали овој потег е доволен за да се намали плимата посетители кои ги донесе популарната серија.

Амстердам

За да се заштитат правата на работниците на познатиот Црвен кварт, биле забранети обиколките на истиот. Знакот кој стоел пред неа бил искинат, бидејќи водичите метале дека токму тој кварт носи туристи, а со тоа и пари.

Прага

Овој град најчесто го посетуваат млади бидејќи е познат по ефтиниот алкохол. Гардијан во 2019 година објави текст со наслов „Пијани туристи се однесуваат како да го освоиле градот“. Власта во градот ги забрани „пивоточаците“ на кои може да се возат неколку луѓе додека уживаат во пиво.

Слични содржини