Детали од истрагата: Двајца Американци и 26 Колумбијци осомничени за атентатот вор претседателот на Хаити

од Stefanija Kuzmanovska

Единицата командоси која неделава го уби претседателот на Хаити, Жовенел Моиз се состоела од 26 Колумбијци и двајца Американци со потекло од Хаити, потврдија денеска властите, а потрагата , сторителите и мотивите на ова злосторство сè уште трае.

Колумбискиот министер за одбрана Диего Молано рече дека првите откритија од истрагата укажуваат на тоа дека Колумбијците осомничени за учество во атентатот врз претседателот на Хаити се пензионирани припадници на вооружените сили на неговата земја и вети дека ќе им ја обезбеди целата неопходна помош на властите во разјаснувањето на сите околности на овој случај.

Полицијата во средата ги пронајде осомничените атентатори во куќа во близина на местото на злосторството, во предградијата на главниот град Порт О Принс, и по неколкучасовни борби, голем број беа уапсени, а шефот на полицијата Леон Чарлс вчера потврди дека во оваа акција биле уапсени 17 лица, пренесе „Ројтерс“.

По тој повод, на прес-конференцијата беа прикажани бројни колумбиски пасоши, како и оружјето што го користеле осомничените убијци, како пушки, мачети, комуникациски уреди и средствата што ги користеле при провалата на претседателската резиденција.

„Странците дојдоа во нашата земја да го убијат претседателот“, нагласи Чарлс и објави дека меѓу уапсените има и 26 Колумбијци и двајца Американци со потекло од Хаити.

Тој изјави дека 15 Колумбијци, како и Американци со хаитско потекло биле заробени во пресметка со атентаторите, додека тројца напаѓачи биле убиени, а осуммина од нив се уште се во бегство.

Слични содржини