Децата од други општини кои одат во градинки во Карпош ќе бидат испишани после 10-ти јуни

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски денеска ги извести граѓаните на другите општини кои децата ги носат во градинките во Карпош дека заклучно со 10-ти јуни дечињата треба да продолжат да одат во градинки во своите општини.

Според него, ситуцијата во самата општина ги натерало на ваква одлука.

-Во ситуација кога над 300 дечиња од Карпош чекаат ред за упис во градинките во Општина Карпош, потребно е да преземеме чекори во насока на згрижување на дечињата на нашите граѓани. Тоа е наша обврска и одговорност, порачал Јакимовски.

Градоначалникот во видео-обраќање на социјалните мрежи додава работат на консолидирање состојбата во општината годинава, а од следната година планираат нови инвестиции во делот на згрижување на најмалите.

Слични содржини