Ѝ завидувавме на Норт Вест од моментот кога разбравме дека Оливие Рустејн ѝ направил специјално за неа неколку лимитирани производи.7e7d95a7a0084780ac475c1e1f5994c7

Мини варијантите на дел од најпрепознатливите силуети на Balmain ја приближија ќерката на Ким Кардашијан и Кание Вест кон добро познатата армија на модната куќа,од која е дел целиот клан Кардашијан-Џенер.

За радост на сите возрасни и мали фанови на брендот, креативниот директор Оливие Рустејн ја објави првата детска колекција под издавачка куќа Balmain.

Новиот проект е доказ за развојот на брендот и влегувањето  во одреден сегмент на индустријата – детската мода.

Овој храбар чекор доаѓа непосредно по соработката на модната куќа со H & M и докажува маркетинг стратегија за допирање не само до богатиот, но и до обичниот корисник, фан на уметноста на дизајнерите.

Оливие Рустејн лично ќе биде одговорен за детските колекции со цел да им обезбеди на најмалите клиенти култен белег на брендот.

Деби линијата се состои од 55 производи, наменети за возрасната група од 6 до 14 години, кои се карактеризираат како мини варијанти на најдобрите производи на модната куќа.

Добрата вест доаѓа и со снимки од рекламната кампања, кои можете да ги разгледате нашата галерија.

Првите предлози за идните детски, дел од армијата на Balmain, ќе бидат достапни во јуни.

1298885529ed38e5625a8c0daa851c73 4e6fdc2d856ae76d3e48124d74fb85ed 332c22a59a4ecd632e74cae89cf6f7c6