Деветмина во болница по напад со корозивна супстанца во Лондон

од Radmila Tasevska

Мајка и нејзините две мали деца биле итно пренесени во болница по сомнителен напад со киселина во Лондон, соопшти полицијата.

Како што јави Би-Би-Си, сведоци опишале „ужасна“ сцена откако мајка и нејзините две девојчиња биле полиени во нивниот автомобил со „корозивна супстанца“ во јужен Лондон.

Семејството, тројца полицајци кои реагирале и двајца други кои се обиделе да помогнат се пренесени во болница

Полицијата трага по осомничениот.

Степенот на повредите на жртвите не е соопштен.

Слични содржини