Девојка се расправала со момчето, па со автомобилот излетале од патот

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека девојка од тетовско со своето возило удрила во друг автомобил и излетала од патот.

Според информациите, против Ѓ.К.(31) од с.Шемшово, тетовско, е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

„На 19.03.2021 во с.Стримница, по претходна расправија поради љубовна врска, пријавената, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, удрила во патничко возило „бмв“, управувано до Р.С., по што и двајцата изгубиле контрола над возилата и излетале од патот“, велат од полицијата.

Слични содржини