Имајќи ги предвид датумот за преговори со ЕУ и најавата за покана од НАТО по потпишувањето на договорот со Грција, претседателот на Собранието Џафери вели дека очекувал дека претседателот Иванов ќе го потпише Указот.

Затоа, како што објасни, се уште не го испратил Законот за јазиците на објавување во Службен весник, сметајќи дека однесувањето на Иванов нема да стане пракса.
Тој најави дека најверојатно ќе ги испрати двата Закони, за јазиците и за Договорот со Грција, во пакет во Службен весник.
Џафери го повтори ставот дека Иванов не може да се меша во законодавната власт и да ја нарушува поделбата на власта во Македонија, а тоа да станува пракса.