Џафери против укинување на патните трошоци на пратениците

од Берта Китинска

На брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, Талат Џафери  рече дека ако Владата поднесе предлог за укинување на патни трошоци, тој ќе поднел предлог-закон да им се одземат службените возила на функционерите и вели, нека одат на работа со тротинети.

Оправдано е пратениците кои не живеат во Скопје да користат превоз на државен трошок, институциите да ги казнуваат тие што вршат злоупотреби, изјави Џафери.

Заев во гостување на националниот сервис вчера најави дека ќе достави предлог за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците.

Слични содржини