Џеф Безос, Бил Гејтс,… Најбогатите луѓе во светот се родени во овие хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska

„Форбс“ често објавува листи на најуспешни луѓе на планетата, врз основа на нивната возраст, пол или само сумата на пари што ја заработиле. И тоа се главно податоците што ги знаеме. Она што помалку ни е познато се нивните хороскопски знаци.

Вага

Вагата е најчестиот хороскопски знак меѓу милијардерите. Има смисла кога ќе се земе предвид нивната способност да се прилагодат, нивната потрага по перфекционизам и нивната опседнатост со хармонија.

Се чини дека вагите, со нивните природни склоности, се создадени за успех. Еден од најпознатите и најуспешните милијардери родени во знакот на Вага е Ралф Лорен.

Јарец

Јарците се на врвот на листата на најбогати милијардери, заедно со Џеф Безос.

Сопственикот на „Амазон“ е најбогатиот човек во светот и ги поседува класичните особини на Јарецот – издржливост и амбиција.

Рак

Раковите се познати по тоа што се многу интуитивни и очигледно добро им оди со таа интуиција. Основачот и извршен директор на SpaceX, Елон Маск е Рак, и иако Безос неодамна го симна од тронот како милијардер број еден, тој сè уште е тука – неговото богатство е сигурно.

Скорпија

Познатиот основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс е Скорпија. Скорпиите се смели, решителни и креативни – како Гејтс – затоа што мора да имате некои од тие карактеристики за да создадете компанија со таа големина.

Овен

Основачот на Google, Лери Пејџ е Овен. Овој знак често се опишува како тактичен, високо организиран и оптимистичен. Звучи како да го има совршениот рецепт за успех во рацете.

Бик

Бикот е стабилен, интелигентен и склон кон напорна работа. Припадниците на овој знак знаат дека овие работи на крајот се исплатат.

Марк Цукерберг е милијардер кој поседува Фејсбук, Инстаграм и Whatsapp – и исто така е Бик.

Слични содржини