Џејми Оливер го сподели НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ ЗА ПОЈАДОК за сите што сакаат да ослабат!

од Vladimir Zorba

Познатиот готвач Џејми Оливер го откри својот најдобар рецепт за појадок.

Овој „сендвич“ е идеален за секој кој сака да изгуби некој килограм.

Состојки (за една порција):

* парче ‘ржан леб

* полна лажичка рикота сирење

* половина авокадо (зрело)

* домат (можете да го замените со некој друг сезонски зеленчук)

* малку сок од лимон

* лажица пржени пињоли (или некои други ореви)

* 2-3 листови босилек

* сол и бибер (по избор)

Подготовка:

Намачкајте ја рикотата на ‘ржан леб. Исечете половина авокадо и домат на тенки парчиња, а потоа измешајте ги со малку сок од лимон.

На ржан леб наизменично наредете парчиња авокадо и домат и по желба зачинете ги со малку сол и бибер.

Украсете со пињоли и листови босилек.

Пријатно!

Слични содржини