„Џејмс Бонд“ пристигнува во Србија

од Nikola Popovski

Актерот Даниел Крег, кој е најпознат по улогата на Џејмс Бонд, доаѓа во Србија.

Холивудската sвезда ќе ја посети Србија по повод снимањето на вториот дел од филмот „Нож во грбот“, продолжението на хитот од 2019 година.

Крег треба да пристигне во Србија на есен и тоа од Грција, каде снимањето треба да започне на 28 јуни. После тоа, тимот ќе продолжи да работи во Америка и Канада.

Како што дознаваат српските медиуми, во тек е разгледувањена локации во Белград, каде ќе бидат направени сцени од филмот „Нож во грбот 2“.

Крег се враќа во улогата наексцентричниот и перцептивен детектив Беноа Блан, а нови членови на актерската екипа ќе бидат Едвард Нортон и Дејв Батиста.

Слични содржини