Џејмс, братот на Кејт Мидлтон, ја откажа свадбата

од Elena Daskalova
368 прегледи Инстаграм/Џејмс Мидлтон

Братот на војвотката Кејт Мидлтон живее живот подалеку од очите на јавноста, а во октомври ја запроси својата вереничка Ализе, а свадбата беше планирана за оваа година.

Инстаграм/Џејмс Мидлтон

Џејмс Мидлтон планираше мала венчавка на почетокот на ова лето, но ситуацијата со пандемијата го предомислува, па парот одлучи да некое време да ги одложи сите планови поврзани со нивното официјално стапување во брак.

Тие одново ќе ја закажат свадбата кога поканетите ќе бидат во можност слободно да се движат и патуваат без да го доведат во опасност своето здравје.