Џенифер Анистон ги спасила Еми наградите, гасела пожар во студиото (видео)

од Nikola Popovski

Актерката Џенифер Анистон му помогнала на Џими Кимел во водењето на наградите „Еми“, кои оваа година се одржаа онлајн, поради превенција од ширење на коронавирусот. Тие внимавале на просторот, дезинфицирале сè и можеби малку претерале.

Кетрин О’Хара, Линда Карделини, Иса Реј, Кристина Еплгејт, Трејси Елис Рос и Рејчел Броснахан биле номинирани во категоријата најдобра женска улога во хумористичната серија. Пред да го кажат името на победникот, Џенифер и Џими го дезинфицирале пликото и го фрлиле во корпата, а потоа го запалиле.

Така на Џенифер и додале апарат за гаснење пожар која го употребила, а потоа Џими открил дека статуетка дома ќе ја носи Кетрин О’Хара за улогата во серијата “Schitt’s Creek”.

„Џенифер всушност ги спаси Еми наградите. Да не беше таа, пликото ќе изгореше целосно“, напишаа следбениците на социјалните мрежи.

Овогодишните награди „Еми“ се преселија во виртуелниот свет поради коронавирусот и без домашна атмосфера, нудејќи им на sвездите можност да бидат во пижами и тренерки.

„Schitt’s Creek“, е неочекуван хит на малата телевизиска мрежа Pop TV за богато семекјтво која е принуденот да живее во друтен мотел, освои најмногу награди – девет. Меѓу нив и за најдробра комична серија и оние за глума, доделени на канадските актери Кетрин О’Хара, Јуџин Леви, Даниел Леви и Ени Марфи.

Ова е првпат во историјата на Еми наградата комична серија да биде лауреат во сите седум категории.

Дистописката драма „Чувари“ на HBO, која е проткаена со расни теми, доби награда за најдобра мини-серија и најдобро сценарио. Неграденни се и Реџина Кинг, за главна женска улога, на полициска детективна, и Јахја Абдул-Матин Втора, за најдобра споредна женска улога.

Авторот на серијата Дејмон Линделоф ја посвети својата награда Еми на жртвите и оние кои го преживеале масакрот на црнечката заедница во Тусла во 1921 година.

Слични содржини