Џенифер Анистон се вакцинираше: Привилегирана сум (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил објави дека се вакцинирала против коронавирус, и дека се чувствува фантастично откако е вакцинирана.

„Вакцинирана и се чувствувам навистина добро! Ние сме исклучително среќни и привилегирани што во моментов имаме вакцини во САД, но тоа не е случај насекаде, за жал, и како што знаеме, здравјето на сите нас зависи од здравјето на една личност… Мислам на оние кои немаат или нема да имаат можност да се вакцинираат, да ги прегрнат своите пријатели и членови на семејството“, напишала актерката објавувајќи своја фотографија на оваа социјална мрежа.

Актерката, како и повеќето нејзини колеги, реши да ја искористи својата популарност и со своите постапки апелира до јавноста да се вакцинира.

Слични содржини