Џенифер Лоренс и Хавиер Бардем ја донесуваат страшната приказна во хоророт „Мајка“

од desk2

Оскаровката и најплатена актерка во Холивуд Џенифер Лоренс пред неколку месеци исплаши многумина со најновиот постер за новиот филм „Мајка“ во кој главната улога ја тумачи тому таа заедно со Хавиер Бардем.


Според првиот трејлер кој е објавен, филмот ветува возбудлива приказна.
Во трејлерот Лоренс во бел фустан шета низ празна куќа, а во позадина се слуша како разговара со странец кој чукнал на вратата. Потоа на неколку секунди се прикажани возбудливи приказни и крвави сцени по што трејлерот завршув со зборовите „Боже, помогни“.

Филмот „Мајка“ го режираше Дарен Аронофски кој е познат по филмовите „Црниот лебед“ и „Реквием за еден сон“. Покрај Лоренс, во филмот глуми и шпанскиот актер Хавиер Бардем, но и Кристен Виг, Ед Харис и Мишел Фајфер.

Овој мистичен хорор ја донесува приказната за брачна двојка чија куќа е посетена од неповикани гости, што го нарушува нивниот однос. Филмот во кината пристигнува кон крајот на октомври.

Слични содржини