Џерард главен кандидат за нов менаџер на Астон Вила

од Vladimir Zorba

Стивен Џерард е главен фаворит за нов менаџер на Астон Вила, пренесуваат утринава британските медиуми.

Тренерската клупа на тимот од Бирмингем минатиот викенд остана празна откако Дин Смит доби отказ по минималниот пораз од Саутемптон. Но, можноста за негово заминување се споменуваше уште пред тој меч, а само се чекаше нов пораз.

Со оглед на тоа што управата на Вила нема многу време да најде замена за Смит, од неделата почнаа да бараат нов тренер. Првата желба е актуелниот менаџер на Ренџерс, Стивен Џерард. Тој е легенда на англискиот фудбал, кој не крие дека би сакал да работи во Премиер лигата, но прашање е дали Ренџерс би го пуштиле да си замине, како и дали тој лично е заинтересиран за Астон Вила.

Доколку не успее да го доведе Жерар, раководството ќе се сврти кон друга опција, а тоа е Роберто Мартинез, селекторот на белгиската фудбалска репрезентација.

Слични содржини