Џерард: Клоп нека остане доживотно во Ливерпул

од Nikola Popovski

Стивен Џерард ја напушти клупата на Ренџерс поради Астон Вила. Со ова тој дојде чекор поблиску до клубот кој му даде се и на кој му даде се, а тоа е Ливерпул.

-Мојот клуб е Астон Вила, не сакам да зборувам за друго. Целосно сум посветен на новата работа, им ветувам на навивачите дека ништо нема да ми го наруши фокусот. Чест ми е што добив шанса да водам таков голем клуб“, изјави Џерард на прес-конференција пред првиот негов натпревар во Премиер лигата како тренер.

Но, тој не можеше да се одбрани од прашањето што многу новинари му го поставуваат.

-Ливерпул има тренер од светска класа во Јирген Клоп. Ако сега потпише доживотен договор со клубот, би бил многу среќен. Јас сум во контакт со него од самиот почеток, живееме во иста населба, го гледам често кога го шета кучето. Ми кажа дека е многу среќен поради моето доаѓање во Премиер лигата и идниот дуел, истакна Џерард.

Џерард ќе дебитира на клупата на Вила во сабота против Брајтон на домашен терен, а на 11 декември ќе гостува кај Ливерпул.

Слични содржини