Џерард продолжува со засилувањата: Лукас Дин доаѓа на „Вила Парк“ за 25 милиони

од Vladimir Zorba

Астон Вила и Евертон се договорија за трансферната сума за која Лука Дин ќе се пресели на Вила Парк. Според Sky Sports, зделката би можела да достигне 25 милиони фунти. Така, тимот од Бирмингем се справија со конкуренцијата на Челси, Њукасл и Вест Хем, кои исто така покажаа интерес за 28-годишниот Французин.

Левиот бек нема играно од 1 декември. Менаџерот на Евертон, Рафаел Бенитез минатата недела призна дека Дин побарал да го напушти клубот. Французинот пред извесно време изрази несогласување со тактиката и незадоволство од неговата улога во тимот. Ова доведе до конфликт со Бенитез.

28-годишниот дефанзивец имаше 3,5-годишен договор со Евертон. Тој ќе биде второто ново засилување на Стивен Џерард по Филипе Кутињо. Денеска на Дин ќе му бидат извршени прегледи, по што ќе потпише договор на 4,5 години.

Слични содржини