Џесика Бил изгледа непрепознатливо во улогата на убиецот Кенди Монтгомери (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Актерката Џесика Бил, која неколку години ја немаме видено во нов долгометражни филмови, конечно ја прекина паузата и се појави во главната улога во серијата „Кенди“.

Бил ја игра Кенди Монтгомери, домаќинката која ја уби својата пријателка Бети Гор во реалниот живот во 80-тите.

На фотографиите кои ги објави порталот Е!Њуз, Џесика е фотографирана во син комбинезон, со големи наочари и перика, а речиси е непрепознатлива.

Инаку, во главната улога требаше да биде Елизабет Мос, ѕвездата на „Приказната на слугинката“, но таа се откажа од улогата поради други обврски.

Кенди живеела во Тексас со нејзиниот сопруг Пит Монтгомери, електроинженер.

Таа ја запознала Бети додека одела во Методистичката црква во Лукас и станала нејзина блиска пријателка, но набргу потоа влегла во љубовна врска со нејзиниот сопруг Алан.

Кавгата меѓу двете жени кулминираше со физичка пресметка, а Кенди на крајот ја уби Бети со секира.

Но, на судењето поротата ја ослободи од обвинение бидејќи беше констатирано дека убиството се случило во самоодбрана.

Кенди, наводно, сè уште живее и работи во Тексас.

Џесика Бил веќе некое време нема играно во големи филмови, но има снимено неколку значајни улоги на малите екрани.

Една од нив е улогата во серијата „The Sinner“.

Бил е во брак со музичарот и актер Џастин Тимберлејк, со кого го доби своето второ дете во 2020 година.

Слични содржини