Џил Бајден го одржа првиот говор како прва дама: Да се ​​обединиме (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џил Бајден, сопругата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, за првпат ѝ се обрати на нацијата, преку Твитер.

На секои четири години, Америка го слави почетокот на новата администрација. Тоа е исто така ново поглавје за нас, рече првата дама на САД.

„Време е да се обединиме, да бидеме една Америка, со една влада што ќе ни служи на сите“, рече д-р Бајден.

Таа изјави дека гледа надеж и оптимизам за тоа во инаугурацијата на нејзиниот сопруг, што е кулминација на заедничката работа на илјадници луѓе кои создадоа нешто посебно во тешката година.

На крајот, изјави Бајден, би сакала да им се заблагодарам на сите што направија да се чувствуваме добредојдени и кои ја направија инаугурацијата посебна за мене и Џо.

Слични содржини