Џонсон ги разочара навивачите: Нема да има публика на англиските стадиони

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џонсон ги разочара навивачите во Англија.

Откако беше објавено дека публиката ќе започне да се враќа на стадионите од 1 октомври, поради пандемијата на коронавирус, одлуката била продолжена за уште шест месеци.

„За жал, по долго размислување, решивме да не дозволиме навивачите да се врататод 1 октомври. Се плашиме од вториот бран на пандемијата на коронавирус. Ја чекаме вакцината и сè ќе трае околу шест месеци“, изјавил Џонсон.

По оваа изјава на британскиот премиер, јасно е дека гледачите ќе можат да се вратат на натпреварите во Англија во март следната година.

Слични содржини