Џонсон: Земјите од Г7 се обидуваат да најдат начин за безбеден извоз на жито од Украина

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон му кажа денеска на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека меѓународните партнери интензивно работат на изнаоѓање начини за продолжување на извозот на жито од Украина за да се спречи глобалната криза со храна.

Џонсон е во редовен контакт и разговара со Зеленски од почетокот на инвазијата.

Истакна дека тој и украинскиот претседател разговарале и за тоа колку е важно меѓународната заедница да остане обединета кога станува збор за војна.

„Џонсон рече дека Обединетото Кралство ќе работи со партнерите од Г7 за да поттикне итна акција“ кога станува збор за извозот на жито.

„Лидерите се договорија за претстојните чекори и потребата Русија да ја ублажи блокадата и да обезбеди сигурни синџири на снабдување“, се вели во соопштението.

Слични содржини