Џовинаци со нова шанса да импресионира во Формула 1

од desk2

Третиот пилот на Ферари, Антонио Џовинаци го направи своето Гран При деби со Заубер во 2017 година, а сега се враќа во кокпитот на еден од болидите на швајцарскиот тим за претстојното Гран При на Германија.

24-годишниот Италијанец ќе влеза во автомобилот на Маркус Ериксон за првата тренинг сесија на „Хокенхајм“ во петок.

За последен пат, Џовинаци возеше автомобил на Формула 1 во мај за двата тест дена на „Пирели“ во Барселона. Првиот ден Италијанецот беше во автомобилот на Саубер, додека вториот во Ферари.

Џовинаци има уште седум настапи во Ф1 тренинзи со Хас во 2017 година, кој исто како Заубер, е снабдуван со погонски едници од Ферари.

Слични содржини