Диетата со која Клои Кардашијан изгуби 20 килограми

од Stefanija Kuzmanovska

Цел живот се бореше со прекумерна тежина, сè додека не започна да ги применува овие правила. На овој начин, познатата Клои Кардашијан успеа да изгуби 20 килограми за една година.

Ова се строгите правила до кои се придржува

Една од најголемите промени што Клои ги направи кога реши да ја доведе линијата до совршенство е да го стави своето здравје на прво место.

Таа започна да прави вистински избор и да ја разликува лошата храна од онаа богата со витамини, минерали и протеини. Кога почна да се грижи за хранливата вредност на секоја храна што ја јаде, промените почнаа да се гледаат и на нејзиното тело.

Ова не е само за калориите, туку и за процентот на влакна, минерали и протеини во храната.

– Многу е важно да внесувате доволно протеини – вели нејзиниот личен нутриционист.

Секој ден има 7 оброци 

Седум оброци на ден може да звучат многу. Сепак, телото на секого е различно, на некои луѓе може да им требаат три оброка на ден, а на други шест. Важно е да го слушате вашето тело и да правите што ви одговара.

Оброците што ги јаде Клои се комбинација на различни хранливи материи. Повеќето оброци се засноваат на внес на здрави масти и протеини, како и овошје и зеленчук.

План на исхрана

-Утрото започнува со смути направено од сурутка, путер од бадем и сезонско овошје.
-Следува ужина која главно се состои од некое сезонско овошје.
-Ручекот е фокусиран на протеини. Претежно јаде нискокалорично месо и голема порција салата.
-Следната ужина е неколку ореви и зеленчук.
-Пред вечера има еден помал оброк, а тоа е претежно сок од домати и едно варено јајце.
-Обично јаде риба и салата за вечера.
-Ако се чувствува гладна навечер, обично јаде јаболко.

Слични содржини