Димитриевски: Бесплатниот јавен превоз претставува вистинско олеснување за семејниот буџет

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска се возеше со повеќе автобуски линии на неколку релации во општината во рамки на бесплатниот градски превоз за сите граѓани во Куманово.

„Имав можност да разговарам со ученици, работници, пензионери, студенти кои редовно ја користат оваа јавна услуга. Навистина ми е драго што мерката за бесплатен јавен превоз е позитивно прифатена од сите граѓани и претставува вистинско олеснување на семејниот буџет за многу семејства, кои отворено го искажуваа своето задоволство, со многу позитивни коментари и предлози. Разговарав и со возачите и ги слушнав нивните идеи и сугестии за подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните“, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека линиите што ги користел немаат задоцнувања, а ја забележал и инспекциската контрола од Општината како активно ја следи редовноста на линиите.

Подобрување на условите за граѓаните останува главен приоритет на општина Куманово во сите сегменти!

Бесплатниот јавен превоз започна оваа година, во месец јануари.

Слични содржини