Димитров не би бил зачуден доколку Груевски се врати догодина

од Nikola Popovski

Слушнав некои информации од Брисел колку лош ќе биде извештајот на оценката мисија во контекст на случувањата во Судскиот совет. Знам дека Холандија нема никаква намера да обнови соработка и проекти со Судскиот совет, а после дојде ова со Кривичниот законик. Сега има иницијатива да се оживеат помилувањата на поранешниот претседател Иванов преку Врховниот суд. Замислете го тоа, тоа што беше капката што ја прели чашата, кога луѓе маршираа „Нема правда и нема мир“. Ова е толку грдо и толку смрди, тврди поранешниот вицепремиер и лидер на невладината „Солуција“, Никола Димитров.

Околу тоа дали очекува екс-премиерот Никола Груевски да се врати во земјава, Димитров вели:

-Ако одам по дефиницијата дека живееме по серија на Нетфликс, не би ме чудело да се врати догодина. Можеби прва сезона, на почетокот на втора сезона… Тоа што му даваме значење и го сметаме за фактор, јас искрено мислам дека неговата улога во земјава заврши. Еден мал круг мислат дека има позитивно наследство – тој почна добро во 2006 година, го изгуби компасот во 2008. Мислам дека многу разбираат граѓаните на кое дереџе сме, ама нема да биде доволно промените да бидат избори и нова влада. Мора сите ние да бидме еактивни, не може не ме интересира политика и да си го гледам своето, мора да излеземе од комотната зона, смета поранешниот владин функционер во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини