Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер

од Nikola Popovski

Досегашниот заменик-министер за локална самоуправа, Зоран Димитров денеска ја поднесе својата оставка од функцијата.

Ова доаѓа откако синоќа неговата партија Демократски сојуз најави дека го напушта владиното мнозинство и дека во иднина ќе делува како опозиција.

Партијата на Павле Трајанов го има и директорското место во претпријатието „Службен весник“, па согласно вчерашната одлука на партиските тела на ДС, и таму треба да биде поднесена оставка.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека очекува функционерите од ДС да поднесат оставки. Тој не смета дека ќе дојде до некакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство со излегувањето на партијата на Трајанов од власта.

Слични содржини