Димитровски: Русија игра на емоциите на луѓето за национални соништа

од Nikola Popovski

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски смета дека министерот Бујар Османи има релевантни информации околу лицата во институции кои не сакаат да дојде до договор со Бугарија и прават опструкции.

-Треба да се известат институциите и да се постапи, ако има спречување за остварување на државниот интерес. Ако некој се јавува и тоа го спречува кај друга влада, тоа е вид на недозволена и антидржавна активност. Институциите треба да постапат, смета Димитровски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, несомнен е рускиот интерес да се спречат интеграциите на Западен Балкан во ЕУ.

-Русија тоа јавно не го кажала и вели дека нема ништо против, но од интегрирањето на Македонија во НАТО и инвазијата во Украина, јасно се позиционирани непријателите на Русија. Влијанието на Русија во земјите од Западен Балкан е засилено, влијае на структурите кои што се националистички и антизападни. Се обидува со хибридни средства во медиумите за свои интереси. Навистина сум шокиран како луѓето што ја поддржуваат Русија не ги разбираат целите на Русија дека таа игра на емоциите на луѓето за националните соништа. Играњето на двете страни ја отвора Русија во тој контекст. Да нема разбирање и мир меѓу народите на Западен Балкан, вели Димитровски.

Слични содржини