Димковски: Храна ќе имаме, но помина времето на евтина храна

од Берта Китинска

Храна ќе имаме, како што отсекогаш сме имале. Цената на храната е покачена поради порастот на цената на ѓубривата, на нафтените деривати, но и на работната рака. Сето тоа влијае на ценат на крајниот производ, вели Трајан Димковски, поранешен министер за земјоделство и советник за Утрински брифинг.

Што се однесува до увозот, тој коментира дека за пченица годишно сме потрошиле 15 милиони евра, што е многу малку споредено со увозот на чоколадо за што сме потрошиле 42 милиони евра.

-Лани имаме извезено 22 милиони тони јачмен што значи дека јачмен имаме доволно да ги задоволиме потребите на нашите фарми. Сега е поминато времето на евтина храна, па коментарите дека нема јачмен всушност значат дека јачменот годинава е поскап, а поскап е оти трошоците се зголемени, вели Димковски.

Слични содржини