Димковски: Пченица има повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немаше криза

од Vladimir Zorba

„Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, а што е можеби и поважно домашното производство е зголемено. Тоа се должи на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите години“, изјави на прес Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ.

„Сите лажни вести и дезинформации на ВМРО-ДПМНЕ, преку кои се обидуваат да ја вознемируваат јавноста паднаа во вода.

Во последните години не само што производството на пченица не е намалено, тоа е и значително зголемено во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немало криза“, посочува тој.

Слични содржини