Дир: Русија изложува милиони луѓе ширум светот на ризик од глад и зголемување на цените на храната

од Vladimir Zorba

Русија изложува милиони луѓе ширум светот на ризик од глад и зголемување на цените на храната со тоа што одбива да го продолжи своето учество во Црноморската иницијатива за жито, објави украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир на Твитер.

Дир упати повик до меѓународната заедница да заземе принципиелен став и да се придружи на напорите на Украина за спасување на виталниот извоз на жито во светот.

Предходно, Стејт департментот ја обвини Русија дека ја користи храната како оружје за војна.-

Русија, која еднострано се повлече од Иницијативата за жито во Црното Море, ја претвора храната во оружје за војна, изведува ракетни напади врз центарот за жито во Украина и упатува експлицитни закани против мирните бродови, изјави портпаролот на Стејт департментот на САД, Метју Милер, на брифинг во средата, 19 јули, коментирајќи ги руските ракетни напади врз украинската пристанишна инфраструктура и изјавите на Москва, јави дописникот на Укринформ.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини