Директорката на Државниот инспекторат убедува дека контролите на угостителите ќе бидат законски

од Берта Китинска

Директорката на Државниот инспекторат Анита Симеска вели дека во нивна надлежност ќе биде само контролата на угостителските објекти,  додека  пак обврска на угостителите е нивната редарска служби  да контролира  гостите –  имаат вакцинален сертификат против ковид 19. Таа е убедена дека оваа заштитна здравствена мерка ќе вроди со плод и дека целата контролана постапка ќе биде согласно законите и заштита на личните податоци.

-Нашите проценки се дека нема да ни треба полициска придржба. Но ние со МВР веќе договоривме дека тие ќе го поддржат секое наше барање да добиеме полициска асистенција. Сметам дека сепак од такво нешто нема да има потреба, вели Симеска за тв Сител.

Симеска објаснува дека инспекциските служби при посетата на објектите ќе го котролира работењето и менаџирањето на угостителскиот објект согласно мерките и препрораките на Владата.

-Ние во постапката ќе ја имаме обврска да ја утврдиме фактичка состојба во моментот на надзорот и единствено ќе работиме со угостителот. Утврдувањето на фактичката состојба подразбира, угостителот односно субјектот е должен да ни ги даде сите документи и информации што се потребни за вршење на инспекцискиот надзор, односно за утврдување на фактичката состојба. Пазарните инспектори нема да бараат ништо од гостите кои што седат на маса. Целта на контрола е барање на докази и информации од угостителот, вклучително и тоа дали гостите покажале сертификат за имунизација, вели Симоска.

Професорката Ана Павловска Данева преку својот Фејсбук  ја искоментира новата владина мерка со која од 16 август се воведува редарска служба која ќе врши проверка на сертификатите на влезовите на објеките каде ќе има повеќе од 30 гости.

-Државен пазарен инспекторат нема законска надлежност да ги легитимира гостите во угостителски објект, ниту пак да прави увид во нивните сертификати за имунизација.Значи, единствено надлежни за спроведување на новите здравствени мерки се – редарите, пишува Ана Павловска-Данева.

Слични содржини