Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов го посети местото на пожарот над Галичник

од Andreja Salpe

Полициска екипа врши увид и ги утврдува причините за пожарот кој избувна вчера над Галичник.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов го посети местото на пожарот со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ.

Тој соопшти дека пожарот е целосно изгаснат и им се заблагодари на сите кои учествуваа во гаснењето.

Пожарот изби над хотелот „Неда“ во Галичник, а зафатена беше борова шума.

Поради непристапниот терен и засилениот ветар, пожарот претставуваше потенцијална опасност за селото Галичник.

Слични содржини