Диреторка на градинка го „олеснила“ буџетот на државата за над 2,5 милиони денари

од Nikola Popovski

СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.М.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Попречување на правдата“, информира МВР.

Како што соопштија од МВР, пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле извршени, таа извршила исплата на економскиот оператор и предизвикала штета на Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денари.

Слични содржини