Дискриминирачка е одлуката да нема К-15 за сите административци, велат од КСС

од Nikola Popovski

Конфедерацијата на слободни синдикати сметаат дека одлуката на владата да подели К-15 на дел од административците е дискриминирачка.

„Во државата имаме 120 илјади буџетари кои земаат плата од буџет од коишто тука се армијата, полицијата, просветата и државните службеници, но со еден збор сите ги викаат државни службеници и не прават разлика по национална класификација по дејност. Нема да земат сите ќе земат од 16 до 17 илјади државни службеници од причина што колективниот кои се потпиша од 2019 година е дискриминирачки“, рече Благоја Ралповски, претседател на КСС, додавајќи дека време е да се донесе заеднички општ колективен договор кои ќе ги опфати сите вработени во администрацијата.

Со ребаланс на Буџетот јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари.

„Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече премиерот Зоран Заев.

Во владиниот предлог не се предвидени сите административци.Со ребалансот на буџетот Вадата обезбеди 4 милион евра за исплата на регрес на вработените во општинските, владните служби, правосудството.

Слични содржини