Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП

од Vladimir Zorba

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, утре – 27 ноември 2023 година, понеделник, ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција”, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени.

На дискусијата ќе учествуваа претставници на граѓански организации и климатски активисти, коишто ќе ги акцентираат прашањата поврзани со климатските предизвици, ќе ги презентираат сработените активности и ќе претстават идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени.

Слични содржини