Дојави за бомби на повеќе локации во Скопје, една од нив е Вила Водно

од Radmila Tasevska

Дојава со закана за поставени бомби на локации во Скопје стигна на електронската адреса на повеќе институции, меѓу кои и во претседателската палата, трговски центри, медиуми.

Од МВР велат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки.

– Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, стои во соопштението од МВР.

Слични содржини