До понеделник многу топло време, од вторник пад на температурите

од Vladimir Zorba

До понеделник ќе се задржи многу топло време, информира Управата за хидрометеоролошки работа.

УХМР за утре (сабота) во попладневните часови прогнозира развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во јужните делови од земјава.

-Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени, информира УХМР.

Слични содржини