Доаѓаат празници, а трговците ги поскапуваат производите, вели Николов за замрзнувањето на цените

од Nikola Popovski

Одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните артиккли е времена, ова не е трајно решение, информира економистот и поранешен пратеник, Марјанчо Николов во емисијата „24 анализа“.

Според него, владата интервенирала поради одредени сознанија дека и понатаму цените на основните прехранбени производи ќе растат.

-Доаѓаат празници, а трговците го користат тој период за покачување на цените и затоа владата благовремено ги замрзна цените. Одлуката е за два месеци, вели Николов.

Тој смета и по завршувањето на тој период, владата може да интервенира кај дел од производите со стоковни резерви.

-Овие кризи не можат секогаш да се решаваат краткорочно. Потребен е систем за справување, истакнува Николов.

Слични содржини