Добиле пари на позајмица од старец за наводна сообраќајка и не ги вратиле

од Nikola Popovski

МВР информира дека 77-годишен жител на скопско село бил измамен од две лица.

Според пријавата, лицата побарале и добиле пари на позајмица за да ги искористат во врска со наводната сообраќајна незгода, а како залог му оставиле часовник.

Откако лицата подолг период не дошле да го вратат кредитот, сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини