Добротворната организација на Наоми Кемпбел под истрага: Користела пари за лични потреби!?

од Vladimir Zorba

Добротворната организација, чиј основач е манекенката Наоми Кембел, е под истрага поради лошо финансиско управување, односно користење на пари во хуманитарни цели за нивни лични потреби, пренесе „The Guardian“.

Имено, Наоми Кембел во 2005 година ја основа добротворната организација „Fashion For Relief“, која ги комбинира модата и филантропијата.

Организацијата е создадена со цел да се соберат средства за децата кои живеат во сиромаштија и неволја ширум светот, а како што се наведува, со текот на годините собрала милиони за добротворни цели преку своите долгогодишни хуманитарни модни ревии.

Истрагата испитува дали супермоделот и нејзините колеги управители (има тројца, покрај манекенката) „правилно ги користеле своите законски должности и одговорности според законот за добротворни организации“.

Истрагата ќе ги испита плаќањата направени од добротворната организација, ќе го разгледува трошењето пари од организацијата, вклучително и потенцијално недолично однесување и лошо управување, како и неподнесувањето на годишните сметки на време.

Во 2019 година, организацијата се здружи со Лондонскиот фонд на градоначалникот Садик Кан за поддршка на младите со ниски приходи. Истата година се одржа модна ревија на Лондонската модна недела, во Британскиот музеј, по што следеше гала вечера со уметничка аукција.

Сепак, никој никогаш не спомна колку пари се собрани таа вечер, но затоа медиумите пишуваа дека Наоми Кебмел „со една ревија го спаси светот“.

Добротворната организација допрва треба да ги објави своите сметки за 2020 година, за што доцни повеќе од 178 дена. Последниот објавен извештај на оваа добротворна организација покажува дека до споменатата хуманитарна ревија во Лондон се собрани 1.722.000 евра, најмногу преку спонзорства.

Според сметките, 1.895.648 евра од нив се потрошени за организирање на хуманитарен настан и плаќање на ПР и друг персонал. Се чини дека биле дадени само 6.509 евра за хуманитарни цели.

Сметките за 2019 година ги откриваат и невообичаено високите трошоци на управителите. А минатата година, добротворната организација потрошила 126.297 евра за хонорари за управители и 27.148 евра за трошоци.

Во приватни разговори со Fashion for Relief, Комисијата за финансиско истражување повеќе од една година разговара за „низа регулаторни прашања“, вклучително и доцна поднесување на сметките, како и употреба на пари за други цели што не ја засегаат организацијата самата себе.

Засега манекенката не се изјаснила за ова прашање, ниту пак нејзината организација.

Слични содржини