Дојави за бомба во повеќе училишта во Белград

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку училишта во Белград добиле информации дека во просториите е поставена бомба, учениците се евакуирани и во тек е увид, пренесе „Блиц.рс“.

„Точно е дека имаше дојава за бомба, учениците се евакуирани“, изјавиле за „Телеграф“ од Основното училиште „Свети Сава“.

Српските медиуми наведуваат дека кај децата нема паника, а учениците не ни влегле во училиште. Децата се или во дворот или во паркот спроти училиштето.

Полицијата врши увид во зградите и по увидот децата ќе се вратат на часови.

Слични содржини