Докиќ: Сите вакцини од ЕМА и ФДА се ригорозно проверени и се безбедни

Во своето гостување во „Клик Плус“, Д-р. Дејан Докиќ посочи дека безбедноста на вакцините е ригорозна контролирана од ЕУ. Но, тоа не е случај со руската и кинеската кои како што вели, поради недоволната испитаност нема соодветни резултати за нивната ефикасност.

„Сите вакцини мора во ЕУ да добијат одобрение за производство кај ЕМА, која има инструменти за клинички испитувања за тоа кои се несаканите ефекти или последици. Астра Зенека се правеа испитувања делумно во Велика Британија, додека остатокот во Бразил. Процедурата беше по примањето на вакцина, испитаниците беа подложни на секојдневни ПЦР тестирања. Но, во Велика Британија беше изменет протоколот. Но, како што реков сите вакцини регистрирани во ЕМА се ригорозно проверувани, меѓутоа не можеме да кажеме дека таква ригорозна мерка имаме кај руската и кинеската вакцина, бидејќи немаме доказ за тоа колкава е нивната ефикасност и чинам тоа е проблемот што се уште не се регистрирани во ЕМА“, истакна Докиќ.

Слични содржини