Доколку има добра волја од Бугарија, спорот ќе се реши за 6 часа, вели Димитровски

од Nikola Popovski

Доколку има добра волја од бугарска страна, работите можат да се решат за 6 часа, а не 6 месеци, каков што рок условно даде премиерот Петков, вели заменик-министерот за локална самоуправа и генсек на Демократски сојуз, Зоран Димитровски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, идејата е дека имаме две нови влади во двете земји, пред се во Бугарија, каде Петков е со различен имиџ и реторика од претходниците.

-Тој не е заробеник на минатото. Важно е да се создаде динамична атмосфера. Го имаме планот 5+1, кој сега стана 4+1 и ги има македонските одговори. Се уште нема реакција од Бугарија дали ги прифаќа одговорите. Деталите ги нема затоа што не може да се преговара јавно. Ако ги прифати Бугарија, ќе и бидат познати на јавноста, потенцира Димитровски.

Слични содржини