Докторка објаснува: Кога вакцината против корона може да стане задолжителна?

од Nikola Popovski

Вакцинацијата за децата е задолжителна и не една, туку цела серија до училишниот период, дури и во самото училиште. Прашањето е зошто вакцината за корона не е задолжителна, а на тоа одговара специјалистот за здравствено право, српската докторка Драгана Малетиќ.

– Постојат многу причини за тоа. Кога станува збор во светот, носителите на политички одлуки не можат да прогласат една вакцина за задолжителна се додека не обезбедат достапност на таа вакцина. Не може да се прогласи за задолжително, нешто што не постои – објаснила Малетиќ за РТС.

Друга причина, според неа, е што сега тие се обидуваат да постигнат колективен имунитет само со препорачана вакцина.

– Доколку резултатите не се задоволителни, не е исклучена можноста подоцна таа вакцина сепак да биде вклучена во задолжителната вакцини – рекла докторката.

На прашањето дали очекува државата, која ќе има доволно вакцини за да го имунизира целото население, да воведе задолжителна вакцинација, таа одговорила дека оваа можност не е исклучена.

– Ако државата не ги постигне посакуваните резултати, и ако клиничката слика е се потешка и вирусот полесно се пренесува, не е невозможно да се воведе задолжителна вакцинација – заклучила Малетиќ.

Слични содржини