Дознајте што најмногу го нервира секој хороскопски знак

од Elena Daskalova

Секој хороскопски знак има своја слаба точка, која ако успеете да ја допрете на каков и да е начин, можете да си создадете голем непријател.

Некои од тие слаби точки се дури и банални и чудни, но факт е дека секој од нас ги има.

Астрологијата објаснува што најмногу ги нервира хороскопските знаци.

Овен

Кажете му да се смири кога е видно вознемирен за нешто. Да дише полека и да се смири и дека не е крај на светот. Тоа ќе го полуди.

Бик

Откажете ги плановите во „5 до 12“. Без разлика колку е причината реална и сериозна, Бикот ќе се изнервира бидејќи сте му ги расипале неговите.

Близнаци

Прекинувајте ги во зборувањето. Доколку бидете упорни и зборувате истовремено со нив, надвикувајќи ги, тогаш загарантирано веќе чекорите по нивните нерви.

Рак

Кажете му дека има навистина променливо расположение и дека човек не може да се потпре на него. Тоа дополнително ќе ја повреди неговата и онака преемотивна природа.

Лав

Игнорирајте го. Не обрнувајте внимание на она што го зборува и не покажувајте заинтересираност за неговата нова фризура или облеката што ја носи, додека не „откачи“.

Девица

Однесувајте се со нив како да сте вие над сите и како тие ништо да не знаат. Ароганцијата на другите луѓе сериозно ги иритира.

Вага

Земајте ги здраво за готово и правете се дека не ве интересира ништо за нив и за нивното мислење и дека исто ви се „фаќа“ дали се тука или не се.

Скорпија

Критикувајте го нивниот вкус за музика, филмови и книги, за што и да е, и ќе си создадете смртен непријател до крајот на животот.

Стрелец

Не им враќајте на пораките, ниту на мејловите, општо, игнорирајте ги, па можете да бидете сигурни дека веќе нема никогаш да ве побараат.

Јарец

Кажете им дека претеруваат, дека нештата не се толку страшни како што изгледаат и дека прават „од мува слон“. Ќе се налутат толку многу, што ни удирањето шлаканица не е исклучена опција.

Водолија

Почнете да им давате совети за сè што ќе ви падне на ум. Кажете им како да постапат во одредени ситуации, однесувајте се како учителка кон мало дете и ќе ја видите и нивната лоша страна.

Риби

Солете им памет, истакнувајте ги нивните грешки од минатото и задолжително употребете ја фразата „Ти реков“. Тоа ќе ги донесе Рибите до работ на лудило.

Слични содржини