Др.Митов советува како да го освежите организмот по празниците

од Берта Китинска

Доколку се случи прејадување во текот на празниците, пожелно е движење односно пешачење од најмалку половина час за да се активира метаболизмот, а по празничната трпеза треба да се продолжи со свежи салати и со традиционална туршија која изобилува со витамини и пробиотици, изјави за Утрински брифинг д-р Александар Митов.

-Годината има 365 ден, 350 дена ако пазиме на начинот на исхрана не значи дека ќе си нарушиме здравјето ако 15-20 дена во годната имаме други настани, изјави за Утрински брифинг д-р Александар Митов.

Според д-р Митов станува проблематично кога пред празниците со денови се конзумира висококалорична храна во големи количества и тоа продолжува континуирано до крајот на јануари со другите празници и добиваме цел месец прекумерно внесување на храна и алкохол која на тој начин му штети на здравјето.

-Потребно е да немаме маратон! Проблем е ако продолжиме со прејадувањето. Прејадувањето е посериозна ситуација и треба да пазиме. Тоа има јасна медицинска димензија дека може да направи беља само со еден оброк. Пожелно е ваква високо калорична храна да биде поделена во неколку оброци, нагласува д-р Митов.

Слични содржини