Др. Николов: Доколку имаме тотален локдаун за викендите, младите ќе се собираат по викендици

од Берта Китинска

Мислам дека последната мерка на владата ќе даде резултати. Мерката со затворање на угостителските објекти, која ќе секако биде тешка за самите угостители, ќе даде резултати бидејќи нема да гледаме собирање, изјави во Утрински брифинг, градоначалникот на Штип, Д-р Сашко Николов.

– Покажавме дисциплина како народ, но покажавме и периоди на недисциплина. Доколку го имаме полицискиот час и тотален локдаун за викендите, младите се собираа по викендици. Но мора да бидеме свесни дека од оваа година си имаме работа и со британскиот сој кој за жал ги напаѓа и младите. Бројките на починати веќе се мешовити, вели Николов.

Тој додаде дека бројот на новозаразени нагло почнал да расте не само во Штип, туку во целиот регион.

-Штипската болница ги прифаќа сите пациенти од овој дел на државата. Се отвори и модуларната болница со сите 47 лежечки капацитети, така што по вчерашните бројки некаде околу 100 пациенти се хоспитализирани во Кличката болница – Штип, 47 во модуларната болница, околу 53 во ифективното одделение и во анестезија има уште 7-8 пациенти кои лежат во тој дом, изјави Николов.

Слични содржини